Либискиот премиер Фајез ал-Сараџ во говор пред Советот за човекови права на Обединетите нации во Женева денеска го осуди гранатирањето на цивилните подрачја и аеродроми во неговата земја, нарекувајќи го воениот противник, генералот Калифа Хафтар, „воен злосторник“, јавија британските медиуми.

-На децата им е одземено правото на образование заради гранатирањата и затворањата на училиштата поради напаѓачот и поради оние кои го финансираат истиот напаѓач и му даваат оружје. Тие мора да се земат на одговорност, порала Ал-Сараџ, пренесе Фена.

Тој кажа дека меѓународно признатата Влада на национално единство „секогаш покажувала подготвеност да се тргне напред на патот кон мир и стабилност“.

Политичките разговори меѓу двете страни ќе се одржат во среда во Женева.

Либија е центар на длабока политичка и безбедносна криза уште од 2011 година, кога по интервенцијата на НАТО од власта беше соборен и подоцна и убиен дотогашниот долгогодишен неприкосновен лидер Моамер ел-Гадафи.

Силите предводени од генералот Хафтар во април минатата година почнаа офанзива врз Триполи, во кој се наоѓа седиштето на Владата за национално единство.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/02/2020 16:07