Јапонските научници планираат да тестираат лекови кои се користат во третирање на ХИВ за лекување на пациенти заразени со новиот коронавирус, затоа што се поголемиот број нови случаи на зараза претставува растечка закана за за економијата на земјата и за јавното здравје.
Генералниот секретар на либански Хезболах, Хасан Насралах изјави дека регионот се соочува со нов неизбежен судир со оглед на тоа дека другата страна односно САД водат војни, извршуваат атентати и ги одземаат правата.
Протече таен документ на холандската воено разузнавачка и безбедносна служба за истрагата за падот на малезискиот авион на летот МН17, што беше соборен во јули 2014 година.
Според анкетата објавена во „Белфаст телеграф“ 29 проценти од испитаниците се изјасниле дека сакаат обединување со Ирска, а 52 отсто биле „против“.
Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата сопруга Марина Вилер денеска постигнаа финансиски договор за развод, покажуваат судските документи.
Оснивачот на Викиликс, Џулијан Асанж, не е веќе во самица во лондонскиот затвор и неговата здравствена состојба е подобрена, рече неговиот колега и портпарол, Кристин Храфнсон.
Борбата против даночните измами и донесле на буџетот на Франција 9 милијарди евра, соопшти министерството за финансии на Франција, ова откако Судот за ревизија, во извештајот објавен во декември, го истакна падот на приходите од даночни контроли од 2015 година до денес.
Епидемијата на вирусот КОВИД-19, што се појави во Кина, не е надвор од контрола, но ситуацијата е многу опасна, изјави генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш
Сите 16 обвинети лица на кои им се судеше за обид за соборување на турската Влада за време на протестите за животна средина во Истанбул во 2013 година се ослободени, потврдија денеска набљудувачи
Околу 500 патници ќе го напуштат денеска карантинот на крузерот „Дајмонд принцес“, што е вкотвен близу Јокохама откако тестирањето било негативно за новиот коронавирус, кој инфицираше стотици на бродот. Тоа го најави официјален претставник на јапонското Министерство за здравство