Запирање на војната во Донбас во интерес на Украина останува еден од приоритетите на Кабинетот на претседателот, изјави новиот шеф на Кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак
Претседателот на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска ќе сведочи пред Одбор на германскиот Парламент што истражува дали имало престапи во ангажирањето надворешни експерти во Министерството за одбрана во времето кога таа била министерка
Советот за безбедност на Обединетите нации усвои резолуција со која бара безусловно примирје во Либија, како и почитување на ембаргото за увоз на оружје во оваа земја, повлекување на сите странски платеници и немешање на членките на ОН во кризата во оваа африканска земја, јави агенцијата Анадолија
Еден од тројца американски работници останува без пари пред да добие плата, дури и оние кои заработуваат повеќе од 100.000 долари, објави Би-Би-Си
Претседателот на Европскиот парламент ги предупреди владите на земјите членки дека европратениците нема да ги поддржат договорите што ќе доведат до буџетски кастрења, од кои ќе страдаат програмите на кои сметат граѓаните на Унијата, пишува електронскиот весник „New Europe“ од Брисел
Крузерот „Вестердам“, чие пристигнување досега го одбија пет азиски и пацифички земји од страв од ширење на вирусот COVID-19, конечно се закотви во Камбоџа, каде 2.200-те патници ќе бидат ставени на тестирања
Училиштата во Хонг Конг ќе бидат затворени до 16 март за да се спречи ширењето на коронавирусот во градот
Фридрих Мерц, ривал и заколнат непријател на германската канцеларка Ангела Меркел во нејзината конзервативна партија Христијанскодемократска унија (ЦДУ), планира да се кандидира за претседател на партијата, јавуваат светските агенции
Десет лица загинаа во последните 24 часа во судир на мексикански нарко картели за контрола на трговијата со дрога на подрачјето на Мичоакан, јавуваат локалните медиуми
Обвинители побарале пресуда од 10 и 14 години затвор и парични казни од по два милиони евра за двајца наводни измамници, кои се обвинети дека се претставувале преку телефон и на Скајп како Жан-Ив ле Дријан, актуелниот француски министер за надворешни работи, објавија денеска француските медиуми