Кинеските градови почнаа на нов начин да се борат со ширењето на коронавирусот, односно со дезинфицирање на градовите.
Американски сојузни регулаторни тела засилија истрага за пазарна доминација на пет големи технолошки компании и бараат детални информации за нивните аквизиции од 2010 година.
Тајните служби на САД и Германија со години шпионирале повеќе од сто земји преку швајцарска компанија специјализирана за кодирање, објави Вашингтон пост.
Во САД е дијагностициран 13-от случај на заразен од коронавирус, додека бројот на починати од овој вирус на светско нива ја помина границата од 1,000 луѓе.
Венецуела ќе ги тужи САД пред Меѓународниот суд на правдата поради санкциите кои Вашингтон ги воведе против венецуелската авио компанија „Конвиаса“, изјави шефот на државата Николас Мадуро.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска изјави дека светот треба да го отфрли мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот исток, оквалификувајќи го како „швајцарско сирење“.
Коронавирусот, од кој досега животот го загубија повеќе од 1.000 луѓе во Кина, сега има официјално име, COVID-19, наместо досегашното привремено 2019-nCoV.
Во Либија се наоѓаат околу 500 илјади мигранти од Африка и ако ситуацијата во таа држава се влоши не е исклучено кон Европа да почне нов миграциски бран, изјави на прес-конференција шефот за надворешна политика на ЕУ, Жосеп Борел.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека хибридните закани се повеќе стануваат опасност, додавајќи оти во ноември минатата година во Црна Гора престојувале контрахибридни тимови на Алијансата.
Бројот на жители во Египет достигна 100 милиони со што се загрозува националната економија, соопшти денеска Агенцијата за статистички истражувања КАМПАС.