Во 2018 година 5,2 отсто од вработените на возраст од 15 до 64 години во Европската унија работеле од своите домово, а не од работното место.
Кремљ денеска соопшти дека систематски ќе им мери температура на учесниците на собири и состаноци на кои е присутен претседателот Владимир Путин како превентивна мерка во борбата против новиот коронавирус.
Кремљ не ја исклучува можноста за средба меѓу рускиот и турскиот претседател Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, за да разговараат за ситуацијата во сириската покраина Идлиб, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел денеска ќе допатува во дводневна посета на Вашингтон што ќе биде негова прва посета на САД како висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност.
Кина изразила загриженост поради тоа што британскиот премиер Борис Џонсон сè уште не испратил никаква лична порака за поддршка на Пекинг за коронавирусот, јави Би-Би-Си.
На виенскиот аеродром Швехат денеска почнаа да се применуваат мерките за мерење на температура кај патниците, а пред почетокот на примената регистриран е сомнеж за инфекција со коронавирус.
Првиот месец од оваа година во Европа бил потопол за 3,1 степен од просекот помеѓу 1981 и 2010 година, според податоците на европската служба за климатски промени.
Синдикатот на вработените во италијанската железница соопшти дека во петок ќе организира двочасовен генерален штрајк на вработените во секторот.
Шкотскиот министер за финансии Дерек Мекеј (42) поднесе оставка откако еден весник објавил дека му испратил непристојни пораки на 16-годишно момче.
Во Германија во моментов 36 политичари се наоѓаат под заштита на Сојузното биро за борба против криминалот (БКА), соопштено е во Бундестагот, пренесе Хина.