Речиси секое второ лице кое дошло во Германија по 2013 година како бегалец веќе не е невработено, објави денеска Институтот за истражувања на пазарот за труд (ИАБ) во Федералната агенција за труд во Нирнберг.
Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Јосеп Борел издаде ново соопштение за мировниот план на Доналд Трамп за конфликтот помеѓу Израелците и Палестинците и оцени дека овој план не ги почитува меѓународните стандарди.
Русија се подготвува за случај на брзо ширење на коронавирусот, изјави висок руски службеник, откако некои региони ги затворија училиштата и ги откажаа јавните настани поради ширење на грипот.
Европската Комисија (ЕК) и Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ) го лансираат проектот “БлуИнвест Фонд“, капитален фонд за поддршка на сината економија, односно проекти поврзани за заштита на морската средина.
Хрватската амбасадорка во Европската Унија, Ирена Андраси направи гаф со своето (не)познавање на англискиот јазик, при што ја испрати Велика Британија од ЕУ со зборовите „good riddance”.
Истовремено со ширењето на вирусот на запад, се случуваат повторно предрасуди кон жители на Азија, нивната храна и обичаи.
Четворица вооружени луѓе убиле девет лица во видео-играчница во западно Мексико, при што меѓу жртвите има три деца на возраст од 12, 13 и 14 години.
Претставници на Светската здравствена организација (СЗО) појавата на коронавирусот не ја сметаат за пандемија и се надеваат дека пренесувањето на вирусот би можело да биде спречено.
Кинески лекар од Вухан кон крајот на декември се обидел да предупреди за коронавирусот, меѓутоа бил замолчен од страна на полицијата, објави Си-Ен-Ен.
Поради офанзивата на сириските владини сили против последната бунтовничка енклава на северозапад, раселени се 520.000 луѓе во рок од два месеца, јави ДПА.