Најмалку пет лица загинаа, а тројца се повредени во експлозија на гас во фабрика во Русија, соопшти националната Служба за вонредни ситуации
Русија сака да склучи нов трговски договор со Велика Британија откако земјата ќе ја напушти Европската унија, изјави рускиот амбасадор во Лондон Андреј Келин
Претседателите на трите главни институции на ЕУ утрово порачаа дека жалат што Обединетото Кралство одлучи да ја напушти Унијата, но нагласија дека нивна должност е да ги бранат интересите на европските граѓани и држави
Британската Национална здравствена служба соопшти дека е потврдено дека две лица во Велика Британија се заразени со коронавирус
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изрази осуда за некои арапски земји за нивната поддршка за мировниот план за Блискиот Исток, претставен од САД, окфалификувајќи го нивното однесување како „предавство“.
Државниот секретар на САД Мајк Помпео изјави дека потенцијалната посета на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Белата куќа не е условена со отворање истрага против синот на поранешниот американски потпретседател Џо Бајден.
Американскиот Стејт департмент и Јапонија ги предупредија своите граѓани да не патуваат во Кина, каде што бројот на починати од новиот коронавирус се зголеми на 213, и откако Светската здравствена организација прогласи вонредна здравствена состојба на глобално ниво поради коронавирусот.
Индиската полиција спаси 23 деца на северот на земјата, откако уби маж, кој ги држел децата како заложници речиси 11 часа.
Повеќе од 130 лица заболени од коронавирус се излекувани, изјави постојаниот претставник на Кина во Обединетите нации, Џанг Ѓун
Велика Британија, која денеска ја напушта ЕУ, останува „партнер и пријателска земја“, но Унијата ќе биде „многу одлучна“ во своите преговори со Лондон, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел