Русија го прекина железничкиот сообраќај со Кина, освен возот на релација Москва – Пекинг, за да го спречи ширењето на новиот коронавирус, изјави руската вицепремиерка Татјана Голикова.
Новинарката на која и беше суспендирано работното место во „Вашингтон пост“ поради „несреќното и ненавремено“ соопштение на Твитер за кривичните дела на Коби Брајант, е вратена на работа, соопштија денеска од весникот.
На панел оддржан денеска на тема ширењето на болеста и мерки за нејзино спречување, Болики укажа дека засега постои одржлива епидемија на вирусот во Кина и негово ширење во вторични земји.
Комисијата за вонредни состојби при Светската здравствена организација утре повторно ќе заседава, третпат оваа недела, за да процени дали новиот вирус кој се шири од Кина претставува вонредна состојба на меѓународно ниво.
Авганистански официјални лица потврдија дека уривањето на американскиот воен авион Бомбардиер Е-11А што завчера се случи вo провинцијата Газин, Авганистан, се случило по техничка неисправност на моторот.
Австриската национална авиокомпанија, АУА, ги прекинува сите летови за Кина од вечерва до 9 февруари.
Коронавирусот се прошири и во градот Хуанганг, изјави денеска гувернерот на кинеската провинција Хубеи, Ванг Сиодонг, предупредувајќи дека не смее да се дозволи тој град да стане нов Вухан, епицентарот на смртоносниот вирус од кој починаа 132 лица.
Либан нема да го екстрадира поранешниот извршен директор на „Нисан“ Карлос Госн во Јапонија, каде се соочува со серија финансиски обвиненија, објави денеска јапонската агенција Никеи, повикувајќи се на либански судски службеник.
Владите сами да одлучат дали сакаат да ги евакуираат своите државјани од кинескиот град Вухан, кој е епицентар на епидемијата од коронавирус, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).
Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави денеска дека спречувањето и запирањето на ширењето на новиот коронавирус останува сложена и итна задача