Шефот на полицијата на Малта, Лоренс Кутахар, поднесе оставка по критиките што ги добил за начинот на кој ја водеше истрагата за убиството на новинарката Дафне Каруана Галиција, која истражувала случаи на корупција.
Мицотакис ја истакнал потребата да се изнајде политичко решение за либиската криза и го поттикнал Хафтар да заземе конструктивен став на конференцијата во недела во Берлин и потенцирал дека прекинот на огнот е неопходен прв чекор за враќање на безбедноста.
Мајките на мали деца во Истанбул ќе имаат право да добијат бесплатни билети за користење на градскиот транспорт. Тоа го соопшти денеска градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу.
Минатата година 44 отсто од граѓаните во ЕУ, на возраст меѓу 16 и 74 години, ги ограничија своите приватни активности преку интернет, загрижени заради безбедноста, објави Евростат.
Бројот на мигранти од Турција што влегуваат во Европа значително се зголеми минатата година, кога луѓето што бегаа од конфликтот во Сирија и Авганистан ја преплавија земјата.
Британското Министерство за финансии соопшти денеска дека ја означува целата организација Хезболах како терористичка група во согласност со нејзините правила за тероризам и финансирање на тероризмот и дека имотот на групата ќе биде замрзнат.
Соочена со блокади од синдикатите, управата на музејот Лувр немаше друг избор освен да ги затвори на музејот.
Официјалните бројки за кривичните дела и прекршоци покажуваат загрижувачко влошување на ситуацијата во 2019 година, особено во однос на насилството во Франција, јави дописникот на МИА.
Велика Британија нема автоматски да ги депортира граѓаните на ЕУ кои не побарале право да останат во земјата по брегзит, изјави денеска координаторот за брегзит на Европскиот парламент, Ги Верхофстат.
САД намерно го убија иранскиот генерал Касем Сулејмани за да ја поткопаат безбедноста и да го дестабилизираат регионот, оцени денеска руското Министерство за надворешни работи како одговор на прашање од медиуми, објавен на официјалната веб-страница на Министерството.