Поројни дождови го зафатија источниот брег на Австралија што претставува надеж дека дел од големите пожари што ја зафатија таа држава ќе бидат изгаснати или барем успорени, јавија локалните медиуми
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп синоќа телефонски разговарале за ситуацијата во Либија, неколку дена пред самитот во Берлин што ќе биде посветен токму на судирот во оваа земја, соопштија Белата куќа и канцеларијата на турскиот претседател
Администрацијата на Трамп се закани дека ќе наметне царини од 25 проценти на увоз на автомобили од Европа ако Велика Британија, Франција и Германија официјално не го обвинат Иран за кршење на нуклеарниот договор во 2015 година, објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на неименувани европски официјални претставници
Признанието на Иран дека ненамерно го соборил патничкиот авион ги натера демонстрантите да излезат на улиците за време на викендот
Американскиот производител на авиони „Боинг“ објави дека во 2019 година примил најмал број нарачки во изминатите две децении, како резултат на кризата предизвикана од приземјувањето на авионите 737 Макс по две тешки несреќи
Директорот на руска Федерална даночна служба Михаил Мишустин е повикан на местото претседател на владата како „технички“ премиер, за да ги изработи уставните амандмани и да ги реализира националните проекти, а не за исполнување на политички амбиции, смета политичкиот аналитичар Александар Коњков
Најмалку 15 лица загинаа денеска во воздушен напад на сириските владини сили врз пазар и индустриска област во Идлиб. Тоа го изјавија активисти на опозицијата
Иранците вчера ги погребаа своите државјани кои се најдоа меѓу 176-те загинати во соборениот украински авион во Техеран, додека на универзитетите ширум Канада се одржаа минута молк за одавање почит кон жртвите
Британската Влада синоќа објави финансиска помош од две милијарди фунти (2,3 милијарди евра) за Северна Ирска. Таа помош е предвидена за подобрување на јавните услуги, изјави британскиот министер Џулијан Смит одговорен за Северна Ирска
Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша декретот за формирање на работната група која ќе ги подготвува предлозите за измена на Уставот, соопшти Кремљ