Пекинг нема да ја промени својата политика кон Тајван, која сега се гледа преку политичката рамка „една земја, два система“, и покрај големата поддршка на избирачите на претседателските и парламентарни избори од минатиот викенд за актуелната претседателка и нејзината партија, кои се залагаат за независност на Тајван
Сеголен Ројал самата објави дека владата планира да ги „прекине нејзините функции“ како амбасадор на Франција за Арктикот и Антарктикот
Турција донираше оклопни возила и опрема што ќе ги користат албанските тимови за брза реакција
Две лица починале од срцев удар додека бегале од ерупцијата на вулканот Таал, во непосредна близина на филипинската престолнина Манила, каде се дислоцирани речиси 82.000 лица, сооштија денеска локалните власти, јави ДПА
Светската здравствена организација ги извести болниците ширум светот да се подготват за можно ширење на инфекцијата од мистериозниот вирус кој веќе уби еден човек и зарази десетици во Кина
Брисел планира да воведе заедничка европска минимална плата. Европската комисија ќе се обиде да ги убеди скептичните северни земји во Унијата да ја поддржат иницијативата
Една недела по убиството на генералот Касим Сулејмани, водачот на иранската Револуционерна гарда, Резолуција 466 беше поднесена во американскиот Сенат „за да се оддаде почит на припадниците на американската воена и разузнавачка заедница кои ја извршија мисијата за убиството на Касим Сулејмани“
САД планираат да ја скратат воената помош за Ирак доколу оваа земја донесе одлука за протерување на американските војници од неа, јави „Вол Стрит Џорнал”
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Москва ги повикува заливските земји да го разгледаат заедничкиот безбедносен механизам за регионот и истакна дека е време светот да ги отфрли унилатералните мерки, како што се санкциите
Судењето за отповик на американскиот претседател Доналд Трамп во Сенатот најверојатно ќе почне на 21 јануари , соопшти шефот на републиканското сенатско мнозинство, Мич Меконел.