Турција нема да се воздржи да му „одржи лекција“ на командантот на Либиската национална армија, Калифа Хафтар доколку продолжи со нападите врз меѓународно признатата Влада во Триполи на Фајез Сараџ, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган
Партијата ЛМШ на премиерот на Словенија Мајан Шарец ужива најголема доверба кај гласачите. Ова го покажува последното истражување на јавното мислење кое го направи “Дело”
Британскиот премиер Борис Џонсон изјави денеска дека Владата се уште не се откажала од идејата Биг Бен да се огласи на 31 јануари, на денот кога Велика Британија ја напушта Европската унија
Иранските судски власти уапсија околу 30 лица кои протестираа на улиците на Техеран, откако Иран призна дека урнал украински патнички авион
Преговорите иницирани од Германија за решавање на конфликтот во Либија ќе бидат бесмислени доколку командантот на Либиската национална армија Калифа Хафтар не го измени својот став, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу
Прашањето за засилуваее на улогата на НАТО на Блискиот Исток, по повикот од САД, „се разгледува на политичко, а не на практично воено ниво“, изјави денеска шефот на Воениот комитет на НАТО, Стјуарт Пич, отворајќи ја пленарната седница на Воениот комитет на ниво на началници на генералштабови, пренесе Тасс
Италијанската авиокомпанија Алиталија денеска откажа 139 летови, како резултат на четиричасовниот штрајк на контролорите на летање
Откако ја најавија забраната за носење муслиманска марама (хиџаб) за девојчињата до 14-годишна возраст, новата австриска министгерка за интеграција Сузане Раб изјави дека „како следен можен чекор“ се разгледува и забраната за сите учителки, наставнички и професорски во јавните школи, пренесоа австриските медиуми
Британскиот премиер Борис Џонсон го повика денеска американскиот претседател Доналд Трамп да го замени иранскиот нуклеарен договор со нов, сопствен документ, со цел да постои гаранција дека таа земја нема да произведе нуклеарно оружје
Владата на Венецуела е подготвена за нови преговори со опозицијата, на кои би разговарале за иднината на земјата, изјави денеска претседателот на Уставотворното Народно собрание Диосдадо Кабело