Иран вчера истрела повеќе балистички ракети врз две воени бази во Ирак, во кои се стационирани американски војници, а Иранската револуционерна гарда презеде одговорност за нападот, истакнувајќи дека тоа е одмазда за убиството на командантот на единицата Кудс, Касим Сулејмани
Неколку големи танкерски компании ја стопираа пловидбата низ Ормутски Теснец поради зголемените тензии помеѓу Иран и САД
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес денеска ќе гласа за резолуција, која има за цел да ги ограничи овластувањата на претседателот на САД, Доналд Трамп да покрене воена акција против Иран, најави претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси
Две силни експлозии вечерва одекнаа во главниот град на Ирак, Багдад, јавија дел од западните медиуми повикувајќи се на очевидци.
Кипар соопшти дека примил барање од САД за разместување на нивна екипа за брзо реагирање на островот во случај американскиот дипломатски персонал или цивили да треба да бидат евакуирани од регионот, пред се, на одгласите за растечките тензии меѓу САД и Иран, јави грчкиот весник „Катимерини“.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган предупреди на ескалација на тензиите меѓу нивниот сосед Иран и НАТО сојузникот САД, додавајќи дека Анкара „ги користи сите располжливи средства“ да се избегне нов конфликт, јави ДПА.
Влијателниот ирачки шиитски свештеник, Моктада ал-Садр, изјави денеска дека заврши кризата во Ирак, по реториката за деескалација на Иран и на САД и ги повика милициите да не спроведуваат напади.
Израелскиот министер за одбрана Нефтали Бенет денеска изјави дека негова цел е во следната деценија бројот на еврејски доселеници на окупираниот Западен брег да се зголеми на еден милион од сегашните околу 400.000.
Иран се чини дека сакал да избегне американски жртви, па така ракетите испукани како одмазда за убиството на генералот Касим Сулејмани, погодиле песочни дини околу базата на Ајн ел Асад, објави Блумберг.
Американскиот претседател Доналд Трамп најави денеска нови економски санкции против Иран по иранскиот ракетен напад врз бази во Ирак каде се сместени американски војници.