Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган предупреди на ескалација на тензиите меѓу нивниот сосед Иран и НАТО сојузникот САД, додавајќи дека Анкара „ги користи сите располжливи средства“ да се избегне нов конфликт, јави ДПА.
„Во овој критичен период кога почнуваат да тропаат воените тапани, ние се обидуваме да ги олабавиме тензиите, користејќи ги сите канали на дипломатијата“, изјави Ердоган од Истанбул, пренесен од германската агенција.
„Никој нема право да го фрли целиот регион, особено Ирак, во нов круг на огнот“, додаде Ердоган.
Турција не сака регионот да биде „сцена за прокси војни“, додаде тој.
Шефот на турската дипломатија,Мевлут Чавушоглу, потсетува ДПА, во четврток ќе патува за Ирак.