Лидерите на земјите од НАТО оценија денеска дека руските агресивни акции претставуваат закана за евроатлантската безбедност, како што и големото влијание на Кина претставува предизвик за Алијансата.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска за канадскиот премиер изјави дека е дволичен, иако, вели, му изгледал како „добро момче“.
Ирачките антивладини демонстранти доцна синоќа по трет пат го запалија иранскиот конзулат во Наџаф, светиот шиитски град во јужниот дел од земјата, додека политичките лидери во земјата и натаму преговараат за изборот на нов премиер, јави весникот „Сабах“.
Еден од најголемите авиопревозници во САД, „Јунајтед ерлјанс“ синоќа соопшти дека планира да купи 50 нови Ербас-А321 авиони заради замена за остарениот авионски парк на моделите Боинг 757-200.
Повеќе од половината работници во светот стравуваат поради автоматизација на работата и веруваат дека таа драстично ќе ја измени нивната професија.
Ерменската Служба за специјални истраги денеска соопшти дека поранешниот претседател и премиер на оваа земја, Серж Саргсијан, е осомничен за вмешаност во проневера на повеќе од милион долари државни средства наменети за субвенционирање на гориво за земјоделците.
Рускиот претседател Владимир Путин смета дека САД целно го развиваат својот воен потенцијал за операции во вселената и на неа отворено гледаат како на потенцијален театар за воени активности, пренесе БТА.
Нема докази кои би потврдиле вмешаност на Русија во убиството на грузискиот државјанин во Берлин, изјави денеска рускиот амбасадор во Германија, Сергеј Нечајев.
Британскиот премиер Борис Џонсон игнорираше денеска новинарско прашање околу видео снимка на која наводно тој, францускиот претседател Емануел Макрон и канадскиот премиер Џастин Трудо го коментираат однесувањето на американскиот претседател Доналд Трамп.
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Европската одбрана не е алтернатива на НАТО, туку столб во тој сојуз.