Истражувачкиот центар „Адоуб Аналитикс“ објави резултати од малопродажните предбожиќни распродажби во САД на „кибер понеделник“, 2 декември. За време на вчерашниот ден продажбите на мало во земјата достигнале рекордна сума од 9.4 милијарди долари, или 19.7 отсто повеќе од лани.
Американскиот државен подсекретар за политички прашања Дејвид Хејл, трет по ранг во Стејт департментот, изјави денеска дека не видел докази дека Украина, а не на Русија, е вмешана во американските избори во 2016 година.
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека новата средба на Г-7 ќе се оддржи во неговата официјална резиденција во Кемп Дејвид, а не како што претходно беше кажано, во неговиот голф клуб во Флорида.
Американската технолошка компанија Епл ja претставува својата прва музичката премија „Епл Мјузик Авардс“, која ќе се доделува еднаш годишно, јави синоќа компанијата.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека и натаму има доверба во севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и изрази надеж дека тој ќе ја заврши денуклеаризацијата.
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека ништо лошо не направил во телефонскиот разговор со украинскиот колега Володомир Зелински, а по кој во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес беше отворена процедура за негово отповикување од функцијата заради обвинувањата дека извршил притисок врз Украина да го истражи неговиот политички ривал.
Американското Федерално истражно биро – ФБИ примило повеќе од 200.000 барања за проверка во врска со купувањето огнено оружје за „Црниот петок“ (Black Friday), што претставува втора рекордна продажба на оружје од 1998 година, откако ФБИ ги воведе овие проверки.
Почна судењето на сопственикот на „Тесла“ Илон Маск бидејќи на Твитер го нарече „педофил“ британскиот нуркач кој помогна во спасувањето на група момчиња од пештера на Тајланд.
Премиерите на Канада и Холандија, Џастин Трудо и Марк Руте, денеска во одвоени изјави го поддржаа француско-германскиот предлог план за реформа на НАТО, откако неодамна францускиот претседател Емануел Макрон оцени дека Алијансата е на умирање.
Новата претседателка на ЕК, Урсула фон дер Лајен му оддаде денеска признание на својот претходник Жан-Клод Јункер, истакнувајќи дека никој толку не се грижел за Европа како тој.