Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека одлуката со која САД го поддржуваат правото на Израел да гради еврејски населби на окупираниот Западен брег ја поткопува правната основа за решавање на израелско-палестинскиот судир
Американската амбасадорка во НАТО, Кеј Хачинсон, на прес-конференција пред утрешниот министерски состанок на Алијансата порача дека членот пет на НАТО повелбата не е загрозен и дека САД остануваат посветени на безбедноста на сите нивни сојузници во Алијансата
Илјадници демонстранти кои протестираат против либанската политичка елита блокираа денеска улици во Бејрут спречувајќи ги пратениците да стигнат до Парламентот, поради што беше одложена седница
Тројца припадници на иранските безбедносни сили се убиени со ладно оружје од заседа што ја поставиле демонстрантите, јавија денеска двете ирански новински агенции ИСНА и ФАРС
Холандија планира да воведе закон за намалување на брзината на возилата на автопатите од 130 на 100 километри на час во обид да ги намали емисиите на штетни гасови, објави „Фајненшл тајмс“
НАСА се здружи со пет комерцијални вселенски компании кои имаат дизајнирано роботски слетувачи коишто би можеле да пренесат поголем товар и луѓе на Месечината. Програмата има за цел – слетување на човечки екипаж на површината на нашиот природен сателит до 2024 година
Предлогот на Франција за реформа на процесот на проширување на ЕУ, за кој треба да се дискутира на министерскиот состанок на ЕУ, не носи ништо ново – тоа само ќе го забави процесот на проширување, оценуваат за ДВ во Берлин
Во светски рамки 4,2 милијарди луѓе живеат без безбеден пристап до санитацијата, а 297.000 деца под пет години умираат секоја година од дијареја како резултат на небезбедна вода за пиење, санитација и хигиена на рацете
Градот Дортмунд во западна Германија за многумина е најпознат како дом на фудбалскиот клуб Борусија, но последниве години е сè попознат и како место каде се поставува најголемата елка на светот, и тоа токму во центарот на градот
Полицијата на Малта соопшти дека е уапсен еден маж под сомнение дека посредувал за убиството на Дафне Карун-Галиција, новинарката која се занимаваше со истражување на корупција