Високиот комесар на ОН за човекови права Мишел Башле денеска ја осуди „непотребната и непропорционална употреба на сила“ од страна на полицијата и војската во Боливија
Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Јапонија да ја зголеми за четирипати сумата за американските сили стационирани во државата, објави Форин полиси, повикувајќи се на неименувани сегашни и поранешни американски функционери, во момент кога Вашингтон ги притиска долгогодишните сојузници за да ги зголемат трошоците за одбрана
На 30-годишнината од Кадифената револуција, со која заврши деценијата на комунистичко владеење во Чешка, граѓаните на таа земја го повикаа премиерот Андреј Бабиш да поднесе оставка
Претседателот на САД Доналд Трамп, помилува тројца американски војници обвнети за воени злосторства извршени во Авганистан и во Ирак
Кинеската народноослободителна армија ги изненади жителите на Хонг Конг кога нејзини припадници се појавија на улиците во маици и шорцеви, помагајќи им на жителите да ги исчистат остатоците по антивладините протести
Ирак го затвори јужниот граничен премин со Иран за патниците од обете земји, пренесува Јуроњуз
Турција го купи ракетен одбранбен систем С-400 од Русија за да го користи, а не за да и стои на страна, изјави денеска шефот на турскиот Директорат за одбранбена индустрија Исмаил Демир
Авганистанските власти соопштија денеска дека вооружени лица убиле двајца федерални обвинители додека се возеле кон аеродромот Баграм, северно од главниот град Кабул. Двајца други обвинители се повредени во нападот
Француската полиција денеска испука солзавец за да ги растера демонстрантите кои се собраа во Париз на првата годишнина од антивладините протести на движењето „Жолти елеци“
Едно лице загина за време на протестите против зголемувањето на цената на горивата во Иран, соопштија денеска локалните медиуми