Резултатите од наградната игра Мој ДДВ#Моја награда се и над очекувањата. За 15 дена во декември, откако стартуваше наградната игра се скенирани онолку сметки колку што во претходниот период се скенирале просечно за еден месец има поголема наплата на ДДВ
Без претходно да достават план на летање, турски воени авиони Ф-16 денеска повторно го прекршиле грчкиот воздушен простор
Во турскиот Парламент денеска почна расправата за можното испраќање на турските трупи во Либија, по што ќе се одржи гласање
Од 1 март 2020 година Луксембург ќе стане првата земја во светот што ќе добие бесплатен јавен превоз
Врховниот ирански командант Хусеин Салами денеска изјави дека Иран не се движи кон војна, но не се плаши од какви било судир
Австралиските власти денеска наредија задолжителна евакуација на некои места на југоисточниот брег на земјата, а на туристите во таа област им е наредено да ги напуштат туристичките места во рок од 48 часа, бидејќи за в сабота се очекува нов бран жештини погоден за ширење на големи пожари кои ја пустошат државата во последниве недели
Француската полиција денеска употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои блокираа паркинг за автобуси во Париз, во знак на протест поради тоа што Владата на премиерот Емануел Макрон планира да ја зголеми возраста за пензионирање од 62 на 64 години
Во Австрија од почетокот на годината се применува забраната за продажба на еднократно употребливи пластични кеси
Голем број жители на Чикаго на 1 јануари чекаа во ред за да купат марихуана, која од првиот ден во новата година се продава легално за рекреативна употреба во Илиноис
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека околу 250.000 луѓе бегаат од северозападниот сириски регион Идлиб кон Турција, додавајќи дека Анкара се обидува да ги спречи да ја преминат границата