Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Европската одбрана не е алтернатива на НАТО, туку столб во тој сојуз.
Словачкото Министерство за одбрана ќе исплати 14-та плата, поголема за 50 отсто од стандардната и тоа и на цивилите во Министерството и на професионалните војници за извршување на нивните должности на многу високо ниво, изјави денеска портпаролката на Министерството, Данка Чапакова.
Француските археолози пронајдоа нова палеолитска „Венера“ на локацијата Ренакурт, а пронајдокот го сметаат за „исклучителен“, бидејќи со оваа божица на плодноста се завршува испитувањето на локацијата околу Амиенс, каде на почетокот на ископувањата во 2014 година беше пронајдена серија од 15 статуетки, јавува дописникот на МИА.
Чешкиот Врховен обвинител Павел Земан денеска нареди повторно да продолжи прекинатата кривична пријава против чешкиот премиер Андреј Бабиш заради наводни махинации со дотации од два милиона евра од Европската унија за неговиот Конференциски центар и фармата „Родино гнездо“. Надлежниот обвинител првично лошо ги проценил доказите на полицијата и во септември недоволно образложил зошто истрагата беше прекината.
Германската канцеларка Ангела Меркел најави денеска дека ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин за протерувањето на двајца руски дипломата од Берлин.
Украинскиот претседател Володомир Зеленски се заложи за постигнување мир на истокот на Украина со политички и дипломатски методи.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска изјави дека Турција и го блокирала на Алијанската планот за засилување на одбраната на балтичките држави и Полска против Русија.
Европската унија денеска соопшти дека веројатно нема да успее да ја исполни поставената цел за намалување на емисијата на гасови со ефекти на стаклена градина до 2030 година, со што и се намалуваат шансите да биде лидер во светот во борбата против климатските промени.
Рускиот претседател Владимир Путин на денешната средба со шефот на српската држава Александар Вучиќ изјави дека стратешкото партнерство со Србија се потврдува со секојдневна работа во доменот на политиката, економијата и безбедноста.
Во пресрет на утрешниот штрајк во Франција, синдикатите најавија ширум земјата 245 митинзи, откако неколку недели по ред земјата се подготвува за мобилизација против пензиската реформа, која се очекува да биде следена со масовен штрајк во повеќе јавни сервиси