Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин и премиерот на Јапонија, Шинѕо Абе на маргините на Самитот на АСЕАН разговараа со цел да се разрешат историските и трговски тензии помеѓу овие две држави
Неизвесно е дали парламентарните избори во Шпанија в недела ќе доведат до излез од сегашниот политички ќор-сокак во земјата, бидејќи ниту левицата, ниту десницата имаат шанса да освојат парламентарно мнозинство, прогнозираат денеска три истражувања на јавното мислење спроведени по барање на шпански весници
Рон Кари, милионер од Канада, загинал во сообраќајна незгода на собир на стари возила во Велика Британија
Првиот човек на британската партија „Брегзит“, Најџел Фараж, нема да се кандидира на изборите во декември, туку ќе води кампања низ целата држава против договорот за „развод“, што премиерот Борис Џонсон го склучи со ЕУ
Шефот на иранската Организацијата за атомска енергија Али Акбар Салехи денеска изјави дека Иран работи на прототип на центрифуга која е 50 пати побрза од дозволеното со нуклеарниот договор со светските сили
Илјадници Иранци денеска скандираа „Смрт на Америка“ во близина на некогашната Амбасада на САД на денот кога се одбележуваат 40. години од студентското заземање на Амбасадата на САД во Техеран во 1979 година и заложничката криза што траеше 444 денови
Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека Турција ќе ги испрати членовите на групите на Исламска држава во нивните матични земји
Британските пратеници денеска ќе изберат нов претседател на Долниот дом на Парламентот, кој ќе има влијателна улога во одлучувањето во процесот на Брегзит
Северна Кореја и САД би можеле да одржат уште еден круг преговори кон средината на ноември, за да го забрзаат напредокот пред истекот на рокот до крајот на годината, што го одреди Пјонгјанг, изјави денеска јужнокорејскиот пратеник Ли Еун-Џaе
Директорот на „Спејс- Икс“ и „Тесла“, Илон Маск подари еден милион долари на иницијативата „Тим дрвја“ (#teamtrees) организирана од двајца блогери