Директорот на „Спејс- Икс“ и „Тесла“, Илон Маск подари еден милион долари на иницијативата „Тим дрвја“ (#teamtrees) организирана од двајца блогери.
Тие си поставија цел и предизвик – ако достигнат 20 милиони допаѓања на Јутјуб, ќе засадат 20 милиони дрвја. Идејата брзо доби поддршка од бројни познати личности, како што е сопственикот на Твитер, Џек Дорси, кој исто така остави своја донација.
Досега, блогерите собрале близу осум милиони долари, при што најголемата сума ја подарил Маск.
Собраните средства ќе бидат употребени за засадување дрвја на сите континенти, освен на Антарктикот.