Лидерите на седум од десет земји-членки на Асоцијацијата на земјите од Југоисочна Азија (АСЕАН) не присуствуваа на Самитот АСЕАН
Политичкиот водач на Хамас, Исмаил Ханије изјави дека палестинскиот претседател Махмуд Абас веќе го одобрил одржувањето парламентарни и претседателски избори во Палестина
Претседателот на Боливија, Ево Моралес синоќа го одби барањето на опозицијата да поднесе оставка, истакнувајќи дека треба да се почека меѓународната проценка за неодамнешните избори, а опозицијата не ги признава резултатите
Членови на семејствата на жени и девојчиња, кои се убиени или се водат како исчезнати, вчера маршираа во Мексико Сити барајќи правда за жртвите
Најмалку 13 лица се повредени откако возач со автобус влета на преполна автобуска постојка во Истанбул, а потоа со нож ги напаѓал луѓето. Возачот е уапсен, соопшти полицијата во Истанбул.
Дваесет и девет лица се повредени, од кои четири се во критична состојба, откако денеска во регионот Сома, во Франција, се преврте автобус кој патувал од Париз за Лондон.
Ирачките демонстранти денеска ги блокираа патиштата во Багдад за да го зголемат притисокот врз Владата да поднесе оставка.
Салвадор претходно денеска им нареди на венецуелските дипломати да ја напуштат земјата во рок од 48 часа, соопштија властите.
Во владиниот авион на Јапонија, со кој јапонскиот премиер Шинѕо Абе денеска отпатува во Тајланд, избувна пожар кој е изгаснат за кратко време, соопштија властите.
Најмалку 15 лица загинаа, а 35 се повредени откако денеска патнички автобус излета од патот и падна во река во планинска област во централен Непал.