Северна Кореја извела уште една успешна проба со големи повеќецевни ракетни фрлачи, јави државната агенција КЦНА
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска дека Иран станува се поагресивен во регионот затоа што не е адекватно одоговорено на неговите акции во последно време, јавија британските медиуми
Јужнокорејски противпожарен хеликоптер со седум лица во него се урнал во морето кај островот Докдо, изјави претставник на противпожарната служба
Сирискиот претседател Башар ал-Асад изјави денеска дека Сирија има за цел повторно да ја воспостави контролата врз подрачјата во северниот дел од земјата, што ги држат Курдите, по изненадувачкото повлекување на американските војници,но потенцира дека тоа ќе се прави постепено
САД воведоа нови санкции за иранскиот сектор за градежништво и сегментот на трговијата со материјали што се користат за воената и нуклеарна програма на оваа земја, соопшти Стејт департментот
Шпанија се понуди да биде домаќин на самитот на ОН за климатски промени COP25, откако Чиле се откажа поради протестите во таа јужноамериканска земја.
И германскиот Бундестаг усвојувањето на изборните реформи го посочува како неопходен услов за унапредување на процесот на интеграција на Албанија во ЕУ.
Вкупно 45 милиони луѓе од јужниот дел на Африка во следните шест месеци ќе се соочат со недостиг на храна поради тоа што регионот е погоден од најтешката суша во последните 35 години, соопшти Светската програма за храна.
Околу 50 авиони низ светот се приземјени откако Боинг откри дека делот во близина на крилата од моделот 737 NG може многу лесно да напукне.
Претседателот на Франција, Емануел Макрон во интервјуто за конзервативниот неделник „Валерс Актуел“ објавено денеска, ја објаснува неговата миграциска, јави дописникот на МИА.