Мразот и сушата, особено во трите главни земји производители на вино Италија, Шпанија и Франција, се причина за намалување на производството за 10 отсто оваа година, покажуваат податоците на Меѓународната организација на винова лоза и вино, јави дописникот на МИА.
Пратеничките во украинската Врховна Рада бараат оставка од претседателот на Комисијата за надворешна политика, Богдан Јаременко поради негова наводна вмешаност во секс скандал.
Според правобранителот на Европскиот суд на правдата, Полска, Унгарија и Чешка не успеаја да ги исполнат своите обврски одбивајќи да примат бегалци како дел од прераспределбата одлучена од страна на ЕУ за приливот на мигранти во 2015 година, јави дописникот на МИА.
Шпанскиот премиер Педро Санчес изјави денеска дека неговата социјалистичка Влада нема да дозволи „онлајн“ независност на Каталонија.
Резолуцијата со која се одобрува истрагата за импичмент на американскиот претседател Доналд Трамп денеска е усвоена во Претставничкиот дом на Конгресот со 232 гласа, а против се изјасниле 196 пратеници.
Меѓународниот институт за медиуми (ИПИ), денеска соопшти дека демократските земји ширум светот не успеваат да ги заштитат новинарите и не ги истражуваат убиствата и злосторствата против нив.
Во момент кога во Ирак се одржуваат масовни протести поради корупцијата, невработеноста и лошите јавни услуги, претседателот Бархам Салих денеска изјави дека премиерот Адил Абдул-Махди ќе поднесе оставка од својата функција, исполнувајќи ги барањата на демонстрантите.
Полицијата во Хонгконг денеска употреби солзавец за да ги растера учесниците на протестите во густо населеното подрачје Каулун во Монг Кок, додека маскирани демонстранти се собраа да се придружат на луѓето, кои под маски слават Ноќ на вештерките.
Русија нема потврда за информацијата за директни сериозни судири меѓу војските на Турција и Сирија во реонот на реализација на руско-турскиот меморандум од 22 октомври, изјави на прес-конференција рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров
Либанските безбедносни сили и денеска се обидуваат да отворат некои од патиштата, додека демонстрантите продолжуваат со кампањата за граѓанска непослушност низ целата земја