Американскиот министер за финансии Стивен Мнучин денеска изјави дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп има подготвено листа со санкции за Турција, но оти засега е задоволна од прекинот на огнот во Сирија, поради што се укинати претходните санкции.
Христијанската Фондација „Про Еурол Кристиана“ се обидува да ја спречи оперската куќа „Ла Моне“ во Брисел да го постави на сцена оратотиумот на Артур Хонегер „Јованка Орлеанска на клада“, оценувајќи дека ги навредува христијаните.
Белгиската полиција денеска пронајде 12 мигранти во камион-ладилник на еден паркинг на автопат во северниот дел на Белгија.
Фејсбук се согласи да плати казна од 500.000 фунти поради кршење на законот за заштита на податоци во врска со консултантската компанија „Кембриџ Аналитика“, соопшти денеска британски регулатор за заштита на податоци.
Еврокомесарот задолжен за буџетот, Гинтер Етингер, на прес-конференција денеска ги отфрли наводите дека Германија би плаќала двојно повеќе за идниот буџет на ЕУ доколку се усвои предлогот на Европската комисија.
Германската Влада денеска одобри мерки за борба против политичкото насилство од десничарите, вклучително и построги правила за сопственост на оружје и построго следење на говорот на омраза преку Интернет.
Мексиканските безбедносни сили во Куликан го уапсија синот на Хоакин Ел Чапо Гузман пред неговата куќа, но беа принудени да го ослободат, бидејќи неговите луѓе почнаа да пукаат.
Авион се урна во близина на станбен комплекс во Атланта, во близина на автопатот.
Либанските војници денеска повторно ги отворија главните патишта што демонстрантите ги држеа затворени скоро две недели, блокирајќи ја земјата.
Нов шумски пожар избувна во јужниот дел на Калифорнија, додека силен ветер од пустината Санта Ана дува ширум регионот.