Најмалку едно лице загина, а повеќе од 40 се повредени во силен земјотрес што утрово ги погоди Филипините
Последната рунда преговори помеѓу Москва, Киев и Брисел за транзитот на гас кон Европа во пресрет на зимата не донесе напредок, изрази разочараност комесарот задолжен за енергетската унија Марош Шефчович
Ако биде усвоен предлогот на Европската Комисија за укинување на принципот на попуст, придонесот на Германија кон буџетот на ЕУ би се зголемил од 15 милијарди евра на 33 милијарди во 2027, анализираат германските експерти
Најмалку 18 лица загинаа во текот на растурањето на протестот во ирачкиот град Карбала, во централниот дел на земјата, соопшти Тасс, повикувајќи се на телевизијата Ал Арабија, која,пак, цитираше медицински извори
САД денеска потврдија дека во операцијата на американските сили на северот од Сирија е убиен портпаролот на Исламска држава, Абу ал Хасан ал-Мухаџир, кој важеше за втор човек на ова екстремистичка организација
САД сакаат да ја зајакнат коалицијата која се бори против т.н. Исламска држава (ИД) во североисточна Сирија, изјави неименуван висок функционер од Стејт департментот
Полицијата од округот Хант, во Тексас, соопшти дека е уапсено машко лице, кое е осомничено дека извршило напад и убило две лица, а ранило други 12, во текот на пукањето на една студентска забава во местото Гринвил, во оваа сојузна американска држава
На секој обид за одземање на нафтените полиња од курдската милиција во Сирија која има поддршка од САД, Вашингтон ќе одговори со силна употреба на сила, без разлика дали противникот е Исламска држава или силите кои имаат поддршка од Русија или Сирија, соопшти Пентагон
На повеќе места во Калифорнија и натаму беснеат пожари заради што во оваа сојузна американска држава е прогласена вонредна состојба, а меѓу десетиците илјади евакуирани се и холивудскиот актер и поранешен гувернер, Арнолд Шварценегер, и кошаркарската ѕвезда од ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс
Чилеанскиот претседател Себастијан Пињера смени осум министри, со цел да ја смири најголемата криза од 1990 година, кога земјата повторно стана демократска.