Кандидатот на левицата Даниел Мартинез води на претседателските избори одржани вчера во Уругвај, но ќе мора да оди во втор круг со кандидатот на десниот центар Луис Лакале Пу, покажуваат резултатите од анкетите.
Ирачките безбедносни сили денеска фрлија солзавец врз учениците и студентите кои порачаа дека „нема настава додека не падне режимот“, неприфаќајќи го предупредувањето на премиерот, ги продолжија протестите во кои досега загинаа повеќе од 200 луѓе.
Во главниот град на Колумбија, Богота на вчерашните избори првпат е избрана жена на должноста градоначалник.
Стотици лица стојат во редови пред судовите во Каталонија за доброволно да признаат „вина“ за организирање и учествување во референдумот за независност во 2017 година, што е дел од новата протестна кампања со која заговорниците на независноста настојуваат да предизвикаат колапс на судовите во таа шпанска покраина
Британскиот премиер Борис Џонсон ќе одговори на понудата на ЕУ да го одложи Брегзит за три месеци, откако ќе ги дознае сите детали, изјави денеска неговиот портпарол
Возачот на камионот во кој се пронајдени 39 тела, кој е обвинет за убиство и заговор за трговија со луѓе, се појави денеска пред британскиот суд преку видео линк
Рускиот мобилен оператор Мегафон се понуди да му го прости долгот за роаминг што 13 ретки орли го направиле на сметка на истражувачки центар во Сибир. Сумата петкратно го надминува нивниот буџет
Американскиот министер за финансии Стивен Мнучин изјави дека САД ќе го зголемат економскиот притисок врз Иран заради неговата нуклеарна програма
Најмалку седум лица загинаа, а 11 други се повредени во поројните дождови и поплавите во источниот регион на Саудиска Арабија, соопшти денеска саудискиот оддел за цивилна одбрана, јави ДПА
Шпанските социјалисти водат пред изборите кои треба да се одржат на 10 ноември, но според резултатите од истражувањето на јавното мислење, сопартијците на привремениот премиер Педро Санчез нема да обезбедат парламентарно мнозинство