Австрискиот канцелар Себастијан Курц на Форумот ЕУ-Африка што се одржува во Виена изјави дека Унијата не смее африканскиот континент да им го препушти на Кинезите.
Преговарачите на земјите на ЕУ и Европскиот парламент, по тешки преговори, се договорија до 2030 година да ги намалат емисиите на jаглероден диоксид на новите автомобили за 37,5 отсто, соопшти синоќа Европската комисија.
Една од најголемите организации за заштита на човекови права во Јужна Кореја соопшти дека ќе и ја одземе наградата на лидерката на Мјанмар, Аунг Сан Су Чи доделена во 2004 година поради нејзината „рамнодушност“ кон кризата со муслиманското малцинство Рохинџи.
Најмалку 80 новинари се убиени годинава во светот поради нивната работа, објави денеска невладината организација Репортери без граници.
Специјалниот претставник на Обединети нации во Авганистан, Тадамичи Јамамото синоќа изјави дека првпат во последните 17 години постои можноста за завршување на војната во Авганистан преку мировни преговори.
Голем број компании од целиот свет кои работната недела ја скратија на четири работни дена регистрираат многу поголема продуктивност на работниците, вработените се помотивирани и забележан е помал синдром на „прегорување“ на работа.
Пред зградата на Унгарската државна телевизија синоќа протестираа околу 2.000 луѓе, барајќи независни медиуми и судство и изразувајќи незадоволство од Владата на премиерот Виктор Орбан.
Тригодишно девојче од Индија е во критична состојба откако наводно ја силувал нејзиниот сосед во Њј Делхи, јавија локалните медиуми.
Генералното собрание на ОН синоќа усвои резолуција, која ја предложи Украина, против милитаризација на Крим и Азовското и Црното Море.
Примирјето помеѓу јеменската Влада и Хутите во Ходеида синоќа на полноќ по локално време, стапи во сила.