Европската унија, како и НАТО, не ја поддржува одлуката на Собранието на Косово за формирање на косовска Војска, соопшти денеска Службата за надворешна политика на ЕУ.
Седум лица се задржани на распит во врска со терористичкиот напад во Стразбур извршен во вторникот, соопшти денеска францускиот главен обвинител за борба против тероризмот Реми Ејц.
Шведска ќе се соочи со предвремени парламентарни избори, доколку политичките партии не го прекинат ривалството, поради кое државата и три месеци по изборите нема нова влада, оцени денеска претседателот на шведскиот Парламент, Андреас Норлен.
Кремљ денеска соопшти дека повикот на САД да се ослободат украинските морнари и бродови задржани во близина на Крим, не може да има приоритет за рускиот правосуден систем.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изрази жалење поради одлуката на Собранието на Косово да ги усвои законите за создавање косовска војска.
Обидите на британската премиерка Тереза Меј да добие гаранции од Европската унија за постигнатиот Договор за Брегзит, нејзините противници денеска ги прогласија за „срамен неуспех“, што не помогнал во ублажување на отпорот кон документот во Парламентот во Лондон.
Поранешниот британски премиер Тони Блер смета дека Велика Британија и Европската унија треба да се подготвуваат за втор референдум за Брегзит, бидејќи Парламентот во Лондон најверојатно нема да го одобри Dоговорот за истапување на земјата од ЕУ што го постигна британската премиерка Тереза Меј со Брисел.
Европската комисија ќе ги забрза подготовките во случај Велика Британија да излезе од ЕУ без договор за уредено истапување, изјави претседателот на Еврокомисијата, Жан-Клод Јункер.
Ирскиот парламент вчера го усвои предлог законот со кој се легализира абортусот, седум месеци по историскиот референдум на кој Ирците се изјаснија против негова забрана.
Турските сили ќе влезат во сирискиот град Манбиџ, ако САД не обезбедат повлекување на Силите за заштита на народот на сириските Курди од овој регион, изјави во Истанбул турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.