Обидите на британската премиерка Тереза Меј да добие гаранции од Европската унија за постигнатиот Договор за Брегзит, нејзините противници денеска ги прогласија за „срамен неуспех“, што не помогнал во ублажување на отпорот кон документот во Парламентот во Лондон.

Европските челници отфрлија воведување нови, правно обврзувачки, гаранции во Договорот, но ја уверија Меј дека тој документ нема трајно да ја врзе Велика Британија за европските правила.

Извор од Брисел тврдат дека на синоќешниот дел од Самитот на ЕУ, Меј немала „задоволителен одговор“ кога европските челници ја прашале што навистина сака.

Портпаролот на британската опозициска Лабуристичка партија, Кеир Страмер изјави дека се чини оти премиерката не успеала да издејствува значајни промени во Договор за Брегзит.

– Не може вака да се продолжи. Премиерката мора идната недела на дневен ред да го врати гласањето за договорот и да му овозможи на Парламентот повторно да преземе контрола, додаде Страмер.

Гласаањето за Договорот за Брегзит требаше да се одржи на 11 декември, но Меј го откажа поради недоволна поддршка меѓу пратениците за него.

Британските медиуми пишуваат дека Меј во Брисел била понижена.

Според „Гардијан“, европските лидери ја отфрија нејзината идеја за спас на пропаднатиот договор.

– Нож во грбот: Европските челници и порачаа на премиерката да се гони, објави „Сан“, осврнувајќи се на привременото правно решение кои гарантира отвореност на ирската граница, но ја става Северна Ирска во малку поинаков трговски аранжман од остатокот на Обединетото Кралство. Во рамки на таа гаранција, Британците се обврзуваат да го почитуваат европското економско законодавство, додека не се најде подобар пат за избегнување на „тврдата граница“ меѓу двете Ирски. Германската канцеларка Ангела Меркел и други лидери на ЕУ ја отфрлаат можноста за повторно започнување преговори за британското излегување од Унијата на 29 март. Велика Британија е во политичка криза и не се знае како ќе се одвива Брегзитот. Сценаријата се разни – од хаотичен Брегзит без договор до ново референдумско изјаснување за членството во ЕУ. Заменикот на Меј, Дејвид Лидингтон го поздрави Самитот на ЕУ како прв чекор, но нејзните противници го сметаат за несупех. – Мислам дека вчера бевме сведоци на целосен неуспех на британската преговарачка позиција која е соголена, изјави еден од главните заговорници на Брегзитот, Најџел Фараџ. Дипломати најавуваат дека Меј може да се врати по втор круг гаранции, но сега со „вистинска правна сила“, а некои велат дека европските лидери се подготвени да ја сослушаат и да и исполнат некои од барањата. Но, челниците на ЕУ предупредуваат дека Унијата е подготвена и за случај Велика Британија да го напушти блокот без договор, што го сметаат за подобра варијанта отколку да ги ризикуваат своите блиски интеграции. – Го откажавме моментот на вистина. Ќе се врати во јануари. Нема многу што може да се направи за да се спаси договорот. Ако не успее, тоа ќе биде затоа што нема волја во британскиот Парламент, смета европски дипломат.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/12/2018 12:28