На интернет се појави видео снимка од брутално апсење на студенти, кои протестираа во Париз и предизвика тревога и бес пред новите протести најавени за викендот.
Единаесет лица, вклучувајќи и петмина заложници, се убиени во напад на две банки во североисточниот дел на Бразил.
Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зеехофер, кој во повеќе наврати ја критикуваше канцеларката Ангела Меркел поради миграциската политика, но и за други прашања, призна дека „таа е најдобра“ и оти ќе недостасува, пренесе ДПА.
На секои 24 секунди во сообраќајна несреќа згаснува по еден живот во светот, или 1,35 милиони годишно, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).
Германската канцеларка Ангела Меркел во последното обраќање како лидер на владејачката Христијанско демократска унија (ЦДУ) на партиската Конференција во Хамбург се поздрави со сопартијците со емотивен говор во кој рече дека и било чест што имала можност 18 години да биде на чело на партија.
Европската комисија е загрижена поради заканата од шпионажа од страна на кинеската компанија „Хуавеј“ и други кинески технолошки компании, изјави европскиот комесар за дигитален единствен пазар Андрус Ансип.
Кремљ денеска го отфрли повикот на САД за отстранување на инсталираните крстосувачки ракети 9M729, кои можат да носат нуклеарни боеви глави, наведувајќи дека системот е во согласност со Договорот за нуклеарно оружје од среден и краток дострел (ИНФ), потпишан во 1987 година помеѓу Москва и Вашингтон.
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска беше поздравена со деветминутни овации на почетокот на Конференцијата на нејзината Хриситјанско демократска унија (ЦДУ) во Хамбург, на која треба да биде избран нејзини наследник на функцита партиски лидер.
Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во водите на Средоземно Море, јави Анадолија. повикувајќи се на соопштение од државната Канцеларија за кризни и итни состојби (АФАД).
За основачот на Викиликс, Џулијан Асанж е неприфатлива одлуката на претседателот на Еквадор, Ленин Морено, тој да ја напушти Еквадорската амбасада во Лондон, изјави неговиот адвокат Бари Полак за весникот „Телеграф“.