На интернет се појави видео снимка од брутално апсење на студенти, кои протестираа во Париз и предизвика тревога и бес пред новите протести најавени за викендот.

На снимката, направена во вторникот во местото Мант ла Жоли, се гледаат студенти, клекнати на колена и со раце ставени на глава, опколени од полицајци со полна опрема, чии лица не се гледаат од ски маските, кои ги носат како дел од опремата.

Во една од снимките, се слуша полицаец кој вели: „Еве клас кој примерно се однесува“.

Видео записот се прошири на социјалните мрежи и предизвика лавина од критики од страна на трговските синдикати и левичарските партии на сметка на полициската бруталност.

Министерот за внатрешни работи на Франција, Кристоф Кастане денеска изјави дека на тоа место биле уапсени 151 лице и додаде оти некои од нив носеле оружје.

Исто така, нагласи дека никој од студентите не е повреден.

Студенти ширум Франција се придружија на протестите, кои во таа земја траат неколку недели, а тие протестираат поради реформите на образовниот систем.

Генералниот секретар на најголемиот трговски синдикат на Франција Се-Џе-Те (CGT) , Филип Мартине, коментирајќи ја снимката рече: „Не ги тепајте децата“.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/12/2018 16:09