Шефот на француската држава Емануел Макрон ги претстави денеска деталите на предлог-законот пред Советот на министри, со цел да ја спаси Франција од кризата со „жолтите елеци“, јави дописникот на МИА од Париз.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ја постигнале својата цел во Сирија, односно победата над терористичката група „Исламска држава“.
Француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека на незадоволните припадници на полицијата ќе им ги исплати заостанатите надоместоци за прекувремена работа. Станува збор за долг од околу 274 милиони евра, јави дописникот на МИА од Париз.
Турција спречила 347 терористички напади во 2018 година, изјави денеска турскиот министер за внатрешните работи Сулејман Сојлу.
Федералната служба за безбедност на Русија соопшти денеска дека нејзини припадници во Ставропол, во југозападниот дел од земјата, убиле борци на Исламската држава.
Европската комисија денеска претстави 14 мерки, кои ќе се применат, ако Велика Британија ја напушти ЕУ без договор во дадениот рок, односно кон крајот на март следната година.
Вработените во француската полиција денеска стапија во штрајк, поради неисплатените надоместоци за прекувремена работа, што предизвика застои на парискиот аеродром „Шарл де Гол“.
Резултатите од истражувањето на Институтот „Галуп интернашл“ спроведено во 64 држави покажуваат дека во Западна Европа недостасува подготвеност земјата да се брани со оружје.
Околу 40.000 луѓе загинале од огнено оружје во САД минатата година, пишува „Њујорк тајмс“.
Бројот на новинари кои биле убиени во целиот свет како одмазда за нивната работа годинава е двојно поголем од минатата, стои во годишниот извештај на „Комитетот за заштита на новинарите“.