Бројот на народни претставнички во турскиот Парламент не е доволен, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Шпанија се договори со ЕУ за Гибралтар, со што се отвора патот за непречено одржување на утрешната средба на врвот во Брисел, на која треба да се одобри договорот со Велика Британија за Брегзит и да биде усвоена политичка декларација за идните односи меѓу двете страни.
Претседателката на Тајван Цај Ингвен се повлече денеска од лидерското место во владејачката Демократска прогресивна партија по големиот пораз на локалните избори.
Француската полиција употреби солзавец и водени топови врз демонстрантите во Париз за време на протестот поради зголемување на цените на горивото и незадоволството од работата на претседателот Емануел Макрон.
Турција постигна нов историски рекорд во областа на туризмот, откако оваа година ја посетија речиси 40 милиони туристи, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Најмалку 25 лица загинаа откако автобус, кој се движел со голема брзина, падна во канал во јужна Индија. Се верува дека меѓу жртвите голем дел се ученици, кои се враќале од училиште.
Европските земји мора да ги ревидираат застарените закони кои им овозможуваат на силувачите да минат неказнети и кои создаваат култура во која вината се става на жртвата, објави денеска групата за заштита на човековите права Амнести интернешнл.
Нацрт-договорот за излегување на Велика Британија од ЕУ е најдобро решение, не само за политичките несогласувања, туку и за економијата, изјави денеска британскиот министер за финансии Филип Хамонд.
И покрај студеното време, се создаде голема гужва пред продавницата на „Чуз Лав“ (Choose Love) во Лондон, но купувачите не бараа попусти во рамки на Црниот петок, туку чекаа во ред за да купат подарок за бегалците.
Лидерите на 27 земји-членки на ЕУ утре ќе се состанат на вонреден Самит во Брисел, со кој ќе се потврди договорот за напуштање на Велика Британија и ќе биде усвоена политичката декларација за идните односи меѓу двете страни.