На Велка Британија треба да и биде јасно дека не може одново да се преговара за усогласениот предлог-договор за Брегзит, изјави денеска во Брисел германскиот државен министер за европски прашања Михаел Рот.
Шефот на европскиот преговарачки тим за Брегзит, Мишел Барние, повика да се остане смирен и да се задржи фокусот врз „уредно“ напуштање на Обединетото Кралство на ЕУ.
Романскиот министер за национална одбрана Михај Фифор денеска поднесе оставка на функцијата, со цел, како што најави, да може повеќе да се посвети на работата во рамки на владејачката Социјалдемократска партија (ПСД).
Израелскиот министер за образование Нафтали Бенет изјави дека неговата партија ќе остане во Парламентот, со што е избегната можност за предвремени избори во земјата.
Во потрага по еколошки чисти извори на енергија, група кинески научници изработија „вештачко Сонце“ на нуклеарен погон, кое може да развие тмпература до 100 милиони степени Целизусови, соопшти Институтот за физика при Кинеската академија на науките.
Поранешниот градоначалник на Њујорк, милијардерот Мајкл Блумберг му подари 1,8 милијарди долари за Универзитетот „Џон Хопкинс“, што е најголема донација кога било дадена на една американска образовна установа.
Поранешниот претседател на Перу, Алан Гарсија побара политички азил во Уругвај неколку часа откако властите му забранија да ја напушти земјата додека се води истрага против него за корупција.
Бројот на луѓе кои се водат како исчезнати во најтешкиот и најдеструктивен пожар во Калифорнија е намален од 1.276 на 993 лица, соопшти канцеларијата на локалниот шефир, без да се откријат други детали.
Кинескиот гигант за е-трговија „Алибаба“ ќе отвори логистички центар во Белгија, со што е очевидна намерата да го заобиколи Балканот.
Јеменските шиитски бунтовници Хути синоќа објавија дека ќе прекинат со нападите врз Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и нивните сојузници во Јемен.