Темелите на Џенерал електрик, некогаш највредна американска компанија и гордост на економијата, сериозно се тресат.
Неколку илјади американски пожарникари седми ден се борат со големите шумски пожари во Калифорнија, додека спасувачките тимови се обидуваат да ги пронајдат телата на евентуално новите жртви од огнената стихија, која веќе зеде најмалку 50 животи.
Италијанската Влада имаше до вчера да го измени нацрт-буџетот за да го усогласи во правилата на ЕУ, но тој останува ист.
До посакуваниот степен на ублажување на климатските промени најверојатно нема да дојде бидејќи потрошувачката на енергија не се ограничува во согласност со Парискиот договор, вели климатскиот експерт Вофганг Крамер.
Се очекува дека до 2030 година природниот гас ќе го истисне јагленот од позицијата на втор извор во светот по нафтата, благодарејќи на настојувањата да се намали загадениот воздух и се поголемата потрошувачка на растечен природен гас „ЛНГ“ соопшти Меѓународната агенција за енергија (МАЕ).
Британскиот прв престолонаследник, принцот Чарлс денеска го прославува 70. роденден, но не се очекува тој да се приклучи на какви било јавни прослави по тој повод, јави ДПА.
Властите на Исланд соопштија дека е сè поголем бројот на малолетни лица во таа земја кои влегле на пазарот на труд.
Германската канцеларка Ангела Меркел изрази загриженост поради се поприсутните аспирации за вртење грб на мултилатерализмот и насочување кон сопствената земја, додавајќи дека предизвиците на денешницата државите не можат да ги совладаат поединечно.
Полицијата во Москва е во загуба поради над пет милиони неплатени сообраќајни казни, откако поради технолошки проблеми се загубени имињата и адресите на возачите.
Претседателот Доналд Трамп го номинира за американски амбасадор во Саудиска Арабија генералот од резерва Џон Абизејд, поранешен командант на Централната команда на САД.