Европската Народна партија овие два дена го бираше својот кандидат за претседател на Европската Комисија, но за новинарите, како и за јавноста преовладуваше интересот за иднината на партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан во демохристијанското семејство.
Романските власти денеска побараа од Сенатот да го укине имунитетот на претседателот на таа институција Калин Попеску Таричану, со цел да биде овозможена истрага за тоа дали зел мито во износ од 800 илјади долари од една австриска компанија.
Шпанската полиција спречила планиран напад врз шпанскиот премиер Педро Санчез, јави ДПА. Каталонската полиција објави денеска на Твитер дека уапсила човек кој „сакал да го убие” Санчез и оти пронашла голема количина оружје во неговиот дом.
Преговарачот на ЕУ за Брегзит Мишел Барние изјави денеска дека во преговорите за излегување на Британија од тој блок има уште „јазови кои треба да се премостат“ во момент кога истекува време за постигнување договор и негово усвојување.
Јужнокорејскиот министер за надворешни работи Канг Кјунг-ва денеска изјави дека американски функционери го информирале Сеул дека Северна Кореја ги откажала разговорите за денуклеаризација меѓу американскиот државен секретар Мајк Помпео и високорангираниот севернокорејски функционер Ким Јонг-чол.
Организацијата за заштита на човековите права „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ) денеска побара од САД да не ја тргаат ознаката на Судан како држава која го спонзорира тероризмот.
Во Турција во октомври убиени се 34 жени, се наведува во извештајот на невладината организација „ Ќе ги запреме убиствата на жените“.
Европската комисија соопшти дека го одобрила финансирањето на плановите за изградба на врска помеѓу гасоводните системи на Бугарија и Грција.
Унгарската Влада соопшти дека нема да прави никакви отстапки за Централноевропскиот Универзитет, основан од американскиот финансиер Џорџ Сорос, чиј правен статус повеќе од една година не е решен поради промена во Законот за високо образование.
Европската Комисија денеска ги повика Бугарија и Чешка да го приспособат своето законодавство за квалитетот на воздухот во согласност со европските правила.