Ден по смртта на саудискиот новинар Џамал Кашоги вработени во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул палеле документи, покажуваат најновите објавени инсерти на турската телевизија А Хабер.
Шегите на сметка на политичарите во Словенија речиси целосно исчезнаа во однос на време пред повеќе од триесет години, не затоа што се забранети или поради недостаток на „материјал”, туку поради променетиот вкус на општеството и социјалните околности. Тоа е теза на двајца истражувачи од Љубљанскиот факултет за политички науки, по теренско истражување.
Кинескиот претседател Кси Џинпинг денеска официјално го отвори најдолгиот мост во светот, колосален проект што ги поврзува Хонг Конг, Макао и континентална Кина.
Меѓународната новинарска федерација (IFJ) почна во ОН кампања за сензибилизација за потребата од донесување „Меѓународна конвенција за безбедноста и независноста на новинари и други вработени во медиуми“, со желба да се стави крај на „неказнувањето напади врз новинари“.
Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека САД имаат намера да го јакнат сопствениот арсенал нуклеарно оружје за да извршат притисок врз Русија и Кина.
Експлозивна направа беше пронајдена вчера крај домот на милијардерот и филантроп Џорџ Сорос во округот Весчестер во државата Њујорк, објави Њујорк тајмс.
Земјотрес со интензитет од шест степени по Рихтеровата скала погоди денеска подрачје на 100 км од тајванскиот крајбрежен град Хуалиен.
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу изјави за Анадолија дека „иако задоцнето, важно е прифаќањето на Саудиска Арабија дека новинарот Кашоги е убиен.“
За Русија легализацијата на канабисот во Канада е „неприфатлива“ и „лицемерна“ одлука, која „сигурно ќе предизвика значително зголемување на прометот (на марихуана) кон другите земји“.
Британската премиерка Тереза Меј ги повика пратениците да ја поддржат во последните фази од подготовка за излегувањето на Велика Британија од ЕУ и рече дека преговорите се во најтешка фаза, иако и постигнувањето договор е блиску.