Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека наскоро ќе разговара со саудискиот принц Мухамед бин Салман за тоа дали Саудиска Арабија ќе сноси последици поради убиството на новинарот Џамал Кашоги.
Владејачката партија Закон и право победи на регионалните избори во Полска изјави синоќа лидерот на партијата Јарослав Качински.
Германија нема да дозволи извоз на оружје за Саудиска Арабија додека трае неизвесноста на судбината на новинарот Џамал Кашогу, изјави синоќа германската канцеларка Ангела Меркел.
Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Адел ал Џубеир изјави дека убиството на новинарот Џамал Кашоги е страшна грешка и вети дека оние што се одговорни за убиството ќе бидат казнети.
Караванот со мигранти на мексиканско-гватемалската граница, чиј број во текот на ноќта се зголеми на околу 5.000 луѓе, продолжи да се движи кон американската граница.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека во последните 16 години не била ограничена слободата на ниту еден поединец, етничка или верска група во Турција, немало никакво мешање во нивниот живот, јави Анадолија.
Рускиот претседател Владимир Путин ќе побара од американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон објаснување за најавата на Вашингтон за повлекување од Договорот за уништување и забрана на производство на проектили со кус и среден дострел (ИНФ). Тоа го соопшти денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.
Новоформираниот ураган „Виља“ брзо добива во сила во близина на тихоокеанскиот брег на Мексико, а метеоролозите предупредуваат дека би можел да дојде до статус од четврта категорија пред, кон средината на следната недела, да го погоди копното помеѓу Пуерто Валарта и Масатлана .
Сто четириесет и осум избирачки места во Авганистан останаа затворени поради закани по безбедноста на вториот ден од парламентарните избори, јави ДПА.
Поранешниот советски лидер Михаил Горбачов, кој во 1987 година заедно со тогашниот американскиот претседател Роналд Реган, го потпишаа Договорот за уништување и забрана на производство на проектили со кус и среден дострел (ИНФ), ја оквалификува како „грешка“ најавата на САД за повлекување од тој Договор.