Европската комисија ја повика Словенија што побрзо да достави нов план за државниот буџет за следната година, во кој ќе вгради препораки за макроекономска стабилност и фискалното правило за состојбата со јавните финансии. Тоа се толкува во Словенија како изненадување од владата на премиерот Марјан Шарац.
Во Авганистан денеска почна глaсањето на парламентарните избори кое го следи хаотична организација, обвинувања за корупција и насилства поради што изборите во стратешки важната покраина Кандахар се одложени.
Најмалку четири лица загинаа при експлозија во фабрика за пиротехнички средства во градот Гатчина во руската Ленинградската Област, соопштија локалните власти. Во инцидентот се повредени седум лица, од кои две се хоспитализирани.
Претседателот на САД Доналд Трамп ги оквалификува како „добар прв чекор" извршените од Саудиска Арабија апсења во врска со смртта на Џамал Кашоги и додаде дека ќе соработува со Конгресот за соодветен американски одговор.
Американскиот претседетаел Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун највероајтно повторно ќе имаат средба кон почетокот на следната година, изјави висок претставник на администрацијата во Вашингтон.
Саудискиот новинар и дописник на „Вашингтон пост“ Џамал Кашоги, почина во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул по борбата со луѓето што ги сретнал таму, соопшти денеска Саудиска Арабија врз основа на прелиминарните резултати од истрагата.
САД силно ја поддржуваат верската слобода и слободата на членовите на верската група, вклучувајќи ја и Украинската православна заедница, верувајќи дека треба да управуваат со верата според своите убедувања, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео.
Најмалку 61 лице загинаа, а 72 се повредени во инцидентот во северозопадния индиска држава Пенџаб, каде вчера воз удри во група луѓе, собрални заради религиозен празник.
На повидок е криза на американско-мексиканската граница, изјави денеска државниот секретар на САД Мајк Помпео за време на посетата на Мексико Сити.
Универзитетот на Јужна Каролина денеска објави дека начелно е постигнат договор да плати 215 милиони долари отштета поради гинеколог кој на Универзитетот сексуално вознемирувал студентки неколку години.