Генералниот секератар на НАТО Јенс Столтенберг вечерва на Твитер ја поздрави одлуката на македонсkото Собрание да се пристапи кон измена на Уставот согласно Договорот од Преспа.
Палестинската радикална организација Хамас повика на мирни протести во обид да ја смири состојбата по ракетните напади врз територијата на Израел од Појасот Газа и возвратните воздушни напади на израелските сили.
Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж поднесе жалба до властите на Еквадор со која бара подобар пристап до каналите за комуникација додека престојува во Еквадорската амбасада во Лондон, соопшти неговиот адвокат на прес-конференција.
Две лица загинаа, а две други се повредени денеска при експлозија во фабрика за пиротехнички средства во градот Гатчина во руската Ленинградската Област, соопштија локалните власти.
Десетици луѓе денеска загинаа откако на нив налета воз во северната индиска држава Пунџаб.
Ромаскиот претседател Клаус Јоханис побара оставка од министерот за правда Тудорел Тоадер по денешниот извештај на Венецијанската комисија, во кој се наведува дека законските измени во Романија ја ослабнуваат борбата против корупцијата и другите сериозни кривични дела.
Цариградската патријаршија и самата стана расколничка, со тоа што ја укина антемата за претставниците на двете „расколнички цркви“ во Украина, изјави денеска поглаварот на Руската православна црква (РПЦ), патријархот москвски и серуски Кирил.
Вработените во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул денеска се сослушани во турското Обвинителство во рамките на истрагата за исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги, јави турската новинска агенција Анадолија.
На неколку Иранки првпат по повеќе од 40 години им е дозволено да гледаат пријателски натпревар на репрезентацијата на фудбалскиот стадион.
Четворица на припадници на сепаратистичката Курдска работничка партија (ПКК) беа ликвидирани при воздушен напад на турското Воено воздухопловство во реонот на Метина и Авасин-Басјан во северниот дел на Ирак, соопшти денеска Генералштабот на Армијата на Турција.