Лидерот на шведската конзервативната Умерена партија Улф Кристершон изјави дека не успеал да собере доволно поддршка за формирање на десноцентристичка коалиција, што значи задачата се враќа во рацете на претседателот на Парламентот, кој треба да најде нов кандидат за премиер.
На дневен ред ќе се најде актуелната состојба во меѓународните односи, вклучувајќи ги и резултатите од 73-тото Генерално собрание на ОН.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е сигурен дали американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис, планира да се повлече од функцијата, но за „Си-Би-Ес" рече оти пензионираниот генерал може да поднесе оставка и дека Матис го смета за „некаков демократ".
Министрите за надворешни работи на Европската унија ќе ги поддржат новите санкции против Русија, поради наводното руско користење на хемиско оружје, соопшти шефот на Комитетот за надворешни работи на Советот на Руската Федерација Константин Косачев.
Во соопштението кое го објави државната агенција на Саудиска Арабија, исто така, се наведува дека таа држава ќе одговори на секој чекор, кој ќе биде преземен против неа.
Појавата на жртви на модерното ропство од Албанија во Велика Британија станува се позагрижувачка, поради што британските власти бараат против овој феномен максимално да се ангажираат властите во Албанија и тоа финасиски ќе го потпомогнат, јави тиранската телевизија Топ чанел.
Германски автобус денеска удри во метална ограда на автопат во јужна Швајцарија, при што неколку патници се здобиле со тешки повреди.
Во налетот на ураганот Лесли, кој доцна синоќа ја зафати Португалија, повредени се 27 лица, а 60 се евакуирани.
Папата Франциско денеска ги прогласи за светци двете „најважни и најоспорувани личности“ на Католичката црква во 20 век - папата Павле Шести и салвадорскиот надбискуп Оскар Ромеро.
Светската банка одобри помош од една милијарда долари за Индонезија, за обнова на земјата по неколкуте земјотреси кои предизвикаа многу жртви.