Меѓународната полициска организација (Интерпол) денеска соопшти дека е запозната со информациите за „претпоставеното исчезнување“ на нејзиниот претседател Менг Хонгвеј, додавајќи дека случајот сепак е во надлежност на соодветните органи на Франција и Кина.
Неколку луѓе денеска се повредени во Берлин откако возило удри во кафуле, соопшти германската полиција.
Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер денеска изјави дека е целосно посветен на успешно завршување на преговорите за истапувањето на Велика Британија од ЕУ и изрази надеж дека во текот на ноември ќе биде постигнат договор за Брегзитот.
Француската полиција започна потрага по претседателот на Меѓународната полициска организација (Интерпол), Кинезот Менг Хонгвеј, откако неговата сопруга пријавила дека „нема никаков глас“ од него по неговото заминување за Кина минатата недела.
Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави денеска дека западнобалканските земји мора повеќе да напредуваат пред да се приклучат на Европската унија.
Германската Влада ја обвини Русија дека е стои зад голем кибер-напад од минатата година, јави ДПА.
Вицепремиерот на Италија и министер за внатрешни работи Матео Салвини денеска ги обвини европските комесари за уништувања во Европската унија и се надева дека изборите за новиот европски парламнент, што се одржуваат следната година, ќе донесат нова политичка слика на ЕУ.
Данска планира да изгради нов остров блиску пристаништето во Копенхаген за да создаде повеќе простор за зголемената популација, најави денеска данскиот премиер Ларс Локе Расмунсен.
Москва и Њу Делхи потпишаа договор за испорака на руски противвоздушен ракетен систем С-400.
Претседателот Европска комисија Жан Клод Јункер ги повика денеска државите членки на ЕУ да се „ослободат од правилата на едноставноста“ и да носат повеќе одлуки врз основа на квалификувано мнозинство, со цел да се зајакне улогата на блокот во светот.