Неколку луѓе денеска се повредени во Берлин откако возило удри во кафуле, соопшти германската полиција.

Но, во соопштението не се наведени повеќе детали, освен тоа дека инцидентот најверојатно не е поврзан со тероризам.

Се претпоставува дека возачот веројатно имал здраствени проблеми.

- Според првичната истрага на нашите колеги, што е спроведена на лице место, возачот имал здраствени проблеми, објави берлинската полиција на Твитер.

Во Германија степенот на готовност е подигнат на високо ниво откако пред две години туниски екстремист со украден камион влета на божиќен панаѓур во Берлин, при што загинаа 11 луѓе.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/10/2018 16:57