Суд во Турција ја потврди доживотната казна затвор за истакнатиот новинар Ахмет Алтан и петмина други, кои беа осудени во февруари поради помагање на заговорниците на пучот во 2016 година.
Пет дена после катастрофалниот земјотрес и цунами на индонезискиот остров Сулавеси во кои загинаа 1.234 луѓе, проработи и вулканот Сопутан.
Лидери од Западен Балкан се обврзаа да ги зајакнат економските и општествените врски и да го подготват регионот за иднината, се наведува во соопштение по собирот „Дијалог за Западен Балкан“, што Светскиот економски форум го подготви во Женева.
Рускиот претседател Владимир Путин поддржа одвојување на финансиите од американскиот долар.
Ерменскиот претседател Армен Саркисјан потпиша укази за разрешување на шест министри по предлог на премиерот Никол Пашинјан, соопштија од неговиот кабинет.
Германската Влада соопшти дека ќе го прошири системот на шестмесечни визи и со тоа ќе им овозможи на луѓе вон Европа да побараат работа во таа држава.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео овој викенд ќе ја посети Северна Кореја и в недела ќе се сретне со нејзиниот лидер Ким Џонг-ун, во обид да се забрза процесот за денуклеаризација на земјата, соопшти Стејт департментот.
Француската Влада на почетокот од ноември во Сенатот ќе поднесе предлог - закон кој предвидува мерки при ситуација на Брегзит без постигнат договор меѓу Велика Британија и ЕУ.
Новоизбраниот ирачки претседател Бархам Салих го предложи поранешниот потпретседател Адел Абдул Махди за мандатар за состав на идната влада.
Обезбедувањето во Пентагон прогласило тревога во службата за прием на пратки, откако пристигнале неколку коверти кои содржеле траги од отровот рицин.