Членките на Европската унија денеска го одбија британското барање за договор кој ќе биде заснован врз таканаречениот „план од Чекерс“ на премиерката Тереза Меј, со што би требало да го регулира односот на ЕУ и Велика Британија по Брегзит.
Поглаварот на Католичката црква на Косово, Дон Љуш Ѓерѓи отворено се спротивстави на идејата за корекции на границата меѓу Косово и Србија, за што се залагаат претседателите на двете земји, Хашим Тачи и Александар Вучиќ како конечно решение на меѓусебните спорови, јави дописникот на МИА од Приштина.
Турскиот Совет за заштита на конкурентноста го казни глобалниот интернет гигант „Гугл“ со казна од 15 милиони долари поради нарушување на пазарот на софтвер за мобилни уреди.
Повеќе лица се повредени во вооружениот инцидент што денеска се случи во Абердин, во округот Харфорд, американската сојузна држава Мериленд.
Претседателот на САД, Доналд Трамп му предложил на шефот на шпанската дипломатија Жозеп Борел да подигне ѕид во Сахара за да ја запре илегалната миграција.
Велика Британија и Европската унија не постигнаа напредок на неформалниот самит во Салцбург, на кој се разговараше за идните односи по британското напуштање на ЕУ во март 2019 година.
Музеј на марихуаната денеска ќе биде отворен во „градот на гревот“ - Лас Вегас.
Нови безбедносни огради, дополнителни видео-камери, повеќе полицајци - се само дел од безбедносните мерки за минхенскиот Октоберфест на пивото, што годинава почнува на 22 септември и ќе трае до 7 октомври, јави ДПА.
Велика Британија и нејзините партнери од Европската унија ниту денеска, на вториот ден од неформалниот самит на лидерите на ЕУ во Салцбург, не успеа да постигнат напредок во преговорите за Брегзит, најмногу поради ненадминливите разлики околу тоа како на најдобар начин да се избегне воспоставување цврсти граници во Ирска.
Владата во Белград презела чекори да ги подобри капацитетите за борба против тероризмот, се оценува во најновиот извештај на Стејт департментот за тероризам за 2017 година, кој беше претставен во Вашингтон.