Европската комисија на денешната седница го разгледа прашањето за владеењето на правото во Полска, но не донесе одлука за покренување тужба против земјата пред Судот на ЕУ, соопшти порттпарол на извршното тело на Унијата.
Пакистанскиот висок суд денеска нареди ослободување од затвор на поранешниот премиер Наваз Шариф и неговата ќерка, со што е суспендирана пресудата изречена во јули.
Папата Франциско им порача на младите Французи дека сексот е „голем дар од Бога“, а не табу, и дека треба да биде плод на животната, страствена љубов на мажите и жените.
Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два милиона долари за помош на загрозените по ударот на ураганот Флоренс во Северна Каролина.
Луиџи Ди Мајо, еден од клучните луѓе во новата италијанска Влада е во поход на медиумите кои ги обвинува дека „ја загадуваат расправата“ и упатува закани дека државните фирми ќе престанат да огласуваат во нив.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган потпиша декрет со кој значително се олеснуваат условите за странци добивање турско државјанство од странци.
Воениот договор меѓу Северна и Јужна Кореја кој е потпишан денеска на маргините на самитот меѓу лидерите Мун Џае-ин и Ким Џонг - ун значи крај на корејската војна 1950 -1953 година, соопшти портпаролот на јужнокорејскиот претседател Јон Јунг-чан.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги поздрави низата договори постигнати на меѓукорејскиот самит во Пјонгјанг, нарекувајќи ги „многу возбудливи“.
Велика Британија и ЕУ се блиску до договор за уредување на Брегзит, наведе во авторски текст за германскиот весник „Велт“ британската премиерка Тереза Меј и ја повика ЕК да ја унапреди позицијата пред денешниот почеток на неформалниот самит на ЕУ во австрискиот град Салцбург.
Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека претседателот Доналд Трамп може да донесе одлука со која би го стопирал гасоводот Северен поток 2.