Европската Комисија го поздрави гласањето на Европскиот парламент и повикот веднаш да започнат меѓуинституционалните преговори за таа директива.
Папата Франциско ќе се сретне со националните водачи на Католичката црква за да разговара за можностите за заштита на децата од злоставување на свештеници, објави денеска Ватикан.
Европската Комисија денеска го стави на маса предлогот за укинување на сезонското сметање на времето, откако јавната консултација со граѓаните донесе рекордно висок број да одговори во текот на ова лето.
Најмалку 1.670 католички свештеници биле вмешани во 3.677 случаи на сексуално злоставување во Германија помеѓу 1946 и 2014 година, објави Шпигел.
До крајот на годината, новата италијанска Влада ќе воведе забрана за работа во недела во големите трговски центри.
Се очекува турската Централна банка утре да ги зголеми каматните стапки, како уште една мерка за запирање на монетарната криза што ја зафати земјата.
Наспроти интензивното лобирање на дигиталните гиганти, како Гугл и Амазон, европратениците денеска сепак ја поддржаа реформата на авторските права во дигиталната ера.
Европската Комисија денеска го претстави својот план за борба против странски влијанија во изборните процеси.
Европскиот парламент денеска го одобри „Извештајот Саргентини“ со кој се бара од Европската Унија да го суспендира правото на глас на Унгарија во ЕУ, поради нарушување на владеењето на правото во земјата.
Австрија е фустрирана поради граничните спорови меѓу некои членки на ЕУ, како оној меѓу Хрватска и Словенија, по затоа смета дека земјите од Западниот Балкан своите проблеми со границите треба да решат пред зечленувањето во Унијата, изјави денеска раководителот на Одделот за проширување на ЕУ при австриското Министерство за надворешни работи, Клаус Волфер.