Австриската Влада соопшти дека Турција треба да даде детали за апсењето на австрискиот новинар Макс Цирнгаст или да го ослободи.
Турскиот поп пејач Мабел Матиз е засега последната јавна личност против кого се води истрага во земјата, откако во свое музичко видео со банкноти од еден долар, кои според турската влада ѓуленистите ги користат како тајна шифра, јавува весникот „Сабах".
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека сериозно ја сфаќа загриженоста на Германците во врска со кривичните дела што ги извршуваат мигрантите, но порача дека „нема оправдување“ на тоа да се оговора со омраза, симпатија кон нацизмот или насилство.
Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер денеска во обраќање пред Европскиот парламент побара да се зацврсти улогата на еврото како валута на глобално ниво.
Командата на вооружените сили на САД преговара со цел проширување на обемот на воените операции на територијата на Грција каде ги употребува воените воздушни и морски бази во услови на зголемена затегнатост со Турција поради нејзините планови да купи руски противвоздушни ракетни системи С-400.
Русија презема нови напори за зголемување на своето влијание во Африка преку зајакнување на воената соработка и склучување договори за продажба на оружје со африканските држави, тврди лондонскиот весник „Гардијан“.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска и предложи на Јапонија двете земји да потпишат мировен договор до крајот на годинава, без предуслови.
Припадници на турските антитерористички служби го уапсија австрискиот новинар Макс Цирнгаст, кој повеќе години живее и работи во Турција.
Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на местото Кумлуџа во реонот на турскиот медитерански град Анталија.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека руските безбедносни служби ги идентификувале двете лица кои Велика Британија ги посочи како одговорни за труењето на пребеганиот руски агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка.